24фудбал

Ако Дибала си оди, Јуве ќе тргне по Заниоло

Јувентус планира да го ангажира Николо Заниоло доколку не успее да се договори со Пауло Дибала за продолжување на договорот.

Италија

Дибала не сака да ја прифати намалената понуда која му ја нуди Јувентус за нов договор и веројатно на лето ќе си замине како слободен играч.

Според „Тутомеркато“, Јувентус ќе тргне по Заниоло ако го загуби Дибала.

Заниоло има договор со Рома до 2024 година, волчицата планира да му го продолжи договорот и се очекуваат преговори во февруари.

Има шанси Заниоло да го одбие договорот од Рома, но и да потпише нов, Јувентус ќе испрати понуда за неговите услуги.

Јувентус ќе биде посебно атрактивен за Заниоло ако избори место во Лигата на шампионите, а Рома да не го направи тоа.

Заниоло по двете тешки повреди е далеку од формата во која сите се надеваат дека ќе биде. Тој постојано е во составот на Жозе Мурињо, но неговиот ефект на теренот е мал.