24фудбал

Њукасл носи ново звучно име, преговара за трансфер на еден од најдобрите напаѓачи во Серија А

Неколку извори пренесуваат дека Њукасл отвори преговорил за ангажман на Дуван Запата од Аталанта, напаѓачот од Колумбија е отворен за преселба на Сент Џејмс Парк.

Англија

Откако Њукасл премина во рацете на конзорциум од Саудиска Арабија, голем број на фудбалери се поврзуваат со преселба на Сент Џемсј Парк, но ретко кој се решава на трансфер порази позицијата на табелата.

Киран Трипиер прифати да го замени Атлетико Мадрид со Њукасл, а пристигна и Крис Вуд од Барнли.

Неколку извори сега пренесуваат дека Њукасл отворил преговори со Аталанта за ангажман на Дуван Запата.

Новинарот Педро Алмеида пишува за понуда од 28 милиони евра, додека пак Данкан Каслс пренесува за предлог вреден 30+ милиони евра.

Дуван Запата, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, наводно е отворен за преселба на Сент Џејмс Парк.

Останува да се види каква позиција ќе завземе Аталанта, изминатово лето, „нероаѕурите“ од Бергамо поставија цена од 50 милиони евра за напаѓачот, и не се предадоа лесно кога на вратата тропнаа неколку клубови, помеѓу кои и Интер.