24фудбал

Барса го понудила Дембеле на два клуба од Премиерлигата, агентот продолжува да се инаети

Според пишувањата на Спорт, Осман Дембеле е понуден на Манчестер јунајтед и Њукасл, за трансфер потребни се 20 милиони евра, но агентот на играчот се инаети и преферира преселбата во Премиерлигата да се случи по крајот на сезоната.

Шпанија

Осман Дембеле ги одработува последните месеци од договорот и нема намера да ја продолжи соработката со Барселона. Се говори дека „каталонците“ му дале 48 часа да се изјасни, но јасно е дека тој нема иднина на Камп Ноу.

Според пишувањата на Спорт, Барселона го понудила Осман Дембеле на Манчестер јунајтед и Њукасл. Цената е 20 милиони евра, само мал дел од сумата која беше платена за неговите услуги (105 милиони евра, плус додатни 40 милиони во бонуси).

Но како што пренесува СЕР Каталонија, агентот на напаѓачот, Муса Сисоко се инаети и порачал дека Осман Дембеле ќе продолжи во Барса до 30. јуни, без разлика дали ќе стави потпис на нов договор или не.

Агентот верува дека Барса е во подредена ситуација, тие ги контролираат случувањата и преферираат евентуалната преселба во Премиерлигата да се случи по крајот на сезоната.