24фудбал

Официјално: ФИФА ги избриша жолтите картони, но Елмас нема да игра против Италија!

ФИФА пресече, македонската фудбалска репрезентација и дефинитивно ќе биде без Елиф Елмас на бараж дуелот против Италија.

Македонија

ФИФА донесе одлука со која се бришат жолтите картони од квалификациите, но суспензиите остануваат.

Тоа значи дека сите фудбалери кои имале по еден жолт картон ќе влезат без картони во бараж натпреварите, но оние кои веќе имаат суспензии, нема да може да играат.

Таква е ситуацијата со Елиф Елмас, неговата суспензија нема да биде поништена, тој нема да може да настапи на дуелот против Италија.

Картоните им се бришат на Николо Барела, Федерико Бернардески, Џорџо Кјелини, Федерико Киеза, Џиџо Донарума, Лоренцо Инсиње, Лоренцо Пелегрини, Матео Песина, Рафаел Толои и Сандро Тонали.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на 24 март во Палермо.