24фудбал

Алекс Сонг: Гајле ми беше што дремев на клупа во Барселона, станав милионер!

Алекс Сонг открива дека прифатил трансфер во Барселона и покрај тоа што знаел дека нема да игра многу, бил примамен од парите кои му ги понудиле „каталонците“.

Шпанија

Алекс Сонг не крие дека парите му биле главен мотив за трансфер во Барселона. Камерунецот беше еден од главните играчи на Арсенал, но не се двоумел многу кога летото во 2012 пристигнал предлогот на „каталонците“ и покрај тоа што знаел дека ќе има ограничена минутажа и ќе грее клупа на играчи како Чави, Андрес Иниеста, Сеск Фабрегас и Серхио Бускетс.

„Кога Барселона ми понуди договор и видов колку ќе заработувам, не се двоумев. Сметав дека мојата сопруга и деца заслужуваат комфорен живот кога мојата кариера ќе заврши“ – вели Алекс Сонг.

„Се сретнав со спортскиот директор и тој ми каже дека нема да играм многу, но ми беше гајале, знаев дека ќе станам милионер!“