24фудбал

Ван де Бек го одбил Њукасл, не му се допаѓа на која позиција се наоѓаат

Дони ван де Бек никако да добие сериозна шанса во Манчестер јунајтед и покрај тоа што клубот плати огромна сума за него, не беше стартер кај Солшер, не е ниту кај Рангник.

Англија

Ван де Бек постојано ја грее клупата на Манчестер јунајтед, па поради неговиот статус се поврзува со заминување од Олд Трафорд и преселба во клуб каде што би играл многу повеќе.

Според „Телеграф“, Њукасл посакал да го ангажира Ван де Бек, но Холанѓанецот одбил бидејќи не му се допаднала позицијата на која се наоѓаат тие.

Њукасл води борба за опстанок, но се очекува да останат во Премиерлигата. Клубот е активен на трансфер пазарот во јануари барајќи ги засилувањата кои ќе го спасат.

Ралф Рангник синоќа рече дека би сакал Ван де Бек да остане во Манчестер јунајтед.