24фудбал

Вајналдум отиде, виде, не му се допадна и сака да се врати во Премиерлигата

Џорџино Вајналдум не е среќен во ПСЖ, сака да замине од парискиот клуб, неколку премиерлигаши се заинтересирани за неговиот потпис.

Англија

Вајналдум минатата сезона не сакаше да го продолжи договорот со Ливерпул и замина во ѕвездениот тим на ПСЖ. Таму беше претставен како големо засилување, но работите очигледно не се одвиваат како што тој замислуваше.

Вајналдум не е среќен во ПСЖ, посакува да замине од таму и да се врати во Премиерлигата.

Според „Телеграф“, Ливерпул нема намера да го врати, но за него има интерес од други премиерлигаши.

Арсенал, Њукасл и Евертон се клубовите кои би сакале да го видат Вајналдум во нивниот тим.