24фудбал

Барселона му дала ултиматум од 48 часа на Дембеле

Усман Дембеле има 48 часа да одговори на понудата на Барселона, во случај да не го направи тоа, клубот ќе смета дека неговиот одговор е негативен и тој ќе замине.

Шпанија

На Усман Дембеле не му се допаѓа понудата која ја има на маса од Барселона. Тој бара 20 милиони евра по сезона, но Каталонците се чини дека со право не мислат да му ја дадат.

Од доаѓањето во Барселона, Дембеле никогаш немаше континуирано добри настапи, често се повредуваше, а и кога играше неговите перформанси беа променливи. Во еден период беше и недисциплиниран.

Барселона сака да го продолжи договорот со Дембеле, но под нивни услови, тие немаат намера долго да го чекаат неговиот одговор.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона му дала ултиматум на Дембеле да одговори на понудата во следните 48 часа. Доколку не го направи тоа, ќе сметаат дека неговиот одговор е негативен.

Потоа клубот ќе се обиде да го продаде до крајот на јануарскиот преоден рок, а ако не успеа во тој, Дембеле ќе си замине како слободен играч од Камп Ноу кога ќе заврши сезоната.