24фудбал

Азар сака да си оди од Реал Мадрид

Според белгиските медиуми, Еден Азар сака да си оди од Реал Мадрид и да се пресели во клуб каде што би играл.

Шпанија

Азар кој на 7. јануари наполни 31 година, не е задоволен од неговиот статус во Реал Мадрид по доаѓањето на Карло Анчелоти.

Белгиецот ретко игра, добиваше шанса кога тимот имаше многу отсутни поради ковид-19, но се чини дека не го импресионираше Анчелоти за да му дава поголема минутажа.

Азар кој е разочарување за Реал Мадрид, сака да го напушти клубот и да се пресели на место каде што би играл стандардно.

Се шпекулира со негово враќање во Премиерлигата, а како еден од кандидатите е Њукасл, но не се исклучува можноста и повторно да заигра за Челси со оглед на неговото пријателство со Роман Абрамович.