24фудбал

Пет кандидати за нов тренер на Евертон, меѓу нив се Руни и Лампард

Евертон синоќа му врачи отказ на Рафаел Бенитез и сега клубот е во потрага по негов наследник, според англиските медиуми се разгледува меѓу пет кандидати.

Англија

Еден од нив е Вејн Руни кој кариерата ја почна токму во Евертон.

Руни врши одлична работа во Дерби, неговиот клуб почна со -21 бод поради финансиските проблеми и по одличните игри веќе излезе од последното место. До крајот на сезоната има големи шанси да се спаси од испаѓање.

Руни е среќен во Дерби, но Евертон е посебен предизвик за него, па нејасно е дали би прифатил понуда.

Кандидат е и Френк Лампард кој откако доби отказ од Челси се уште чека нова работа.

Останатите тројца се Роберто Мартинез кој и претходно беше тренер на Евертон, потоа асистентот Данкан Фергусон, како и поранешниот тренер на Лион, Руди Гарсија.