24фудбал

Јувентус е подготвен да го загуби Дибала, двете страни играат „тврдо“

Според „Скај Спорт Италија“, Јувентус и Пауло Дибала тешко дека ќе се договорат за продолжување на соработката, и двете страни играат тврдо.

Италија

Пред неколку месеци Дибала и Јувентус постигнаа вербален договор за продолжување на соработката за плата од 8 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси.

Но, Јувентус не го испочитува тоа и му достави друга, помала понуда. Тоа го направиле откако виделе дека Дибала нема многу големи понуди од други клубови, па се надевале дека ќе заштедат.

Тоа го погоди Дибала, дури имаше и тензија на последниот меч на Јувентус кога тој не го прослави погодокот против Удинезе, наместо тоа гледаше кон трибините каде седат директорите Маурицио Аривабене и Павел Недвед.

Но, Јувентус нема намера да ја врати првичната понуда за Дибала и е подготвен да го загуби Аргентинецот како слободен играч.

Доколку Дибала не прифати помала плата, нема да игра за Јувентус.

Тотнем, Барселона, Атлетико Мадрид и Интер се клубовите со кои се поврзува.