24фудбал

Во Бергамо заврши победничката серија на Интер

Аталанта и Интер одиграа меч со многу шанси и на двете страни, но ниту еден гол.

Италија

По осум победи по ред во Серија А, заврши низата на Интер откако не успеаа да дојдат до трите бода од гостувањето кај Аталанта.

На натпреварот немаше голови, но имаше многу шанси и на двете страни.

Во првиот дел Џеко и Санчез пропуштија шанси за Интер, Пашалиќ не успеа да погоди од убава позиција за Аталанта.

Во второто полувреме Песина, Муриел и Пашалиќ промашија големи шанси за Аталанта, Хандановиќ одлично бранеше.

Интер можеше да даде гол преку Џеко и Д'Амброзио, но и двајцата не го погодија голот на Аталанта.

По 21 одигран натпревар Интер е на врвот со два бода повеќе од Милан.