24фудбал

Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-0 го победи Атлетик Билбао и го освои Суперкупот на Шпанија, Модриќ и Бензема ги постигнаа погодоците, а Куртоа одбрани пенал.

Англија

Реал Мадрид победи на Суперкупот на Шпанија кој овојпат се играше во фајнл-фор формат во Саудиска Арабија.

Откако во полуфиналето ја совладаа Барселона, во денешното финале Реал Мадрид беше подобар од Атлетик Билбао.

Резултатот го отвори Лука Модриќ со убав гол во 38. минута од натпреварот. Со водство на Реал Мадрид од 1-0 се замина на полувремето.

По седум минути игра во вториот дел, Карим Бензема од пенал реализираше за предност од 1-0.

Во 87. минута Атлетик Билбао доби пенал, а Милитао кој играше со рака доби црвен картон. Но ударот на Гарсија го одбрани Тибо Куртоа.

На крајот Реал Мадрид заслужено се радуваше на освоениот трофеј.