24фудбал

Дибала го објасни својот потег, но дали некој ќе му поверува?

Пауло Дибала реши да не го прослави голот против Удинезе и да упати лут поглед кон трибините, напаѓачот го објасни својот потег но тешко дека некој ќе му поверува.

Италија

Пауло Дибала го навлече вниманието откако наместо да го прослави голот против Удинезе, реши да испрати лут поглед кон трибините.

Многумина веруваат дека ова е порака до директорите на Јувентус, по најавите дека „старата дама“ сака да ги промени условите за новата соработка и големиот број на гласини за неговата иднина.

По крајот на мечот, новинарот го праша Пауло Дибала што сакал да порача, а фудбалерот одговори: „Поканив пријател на натпреварот и не можев да го видам. Имаше многу навивачи на трибините, и не можев да го најдам“.

Поради новите протоколи и пандемијата на ковид-19, вечерва на трибините имаше само 5.000 навивачи.

Запрашан дали трбеа да му веруваме, тој додаде: „Не знам, зависи од вас“.

За новиот договор, тој рече: „Кружат многу гласини, многу работи се случија, јас преферирам да не ги коментирам“.