24фудбал

Клоп: Потпишување на голем фудбалски договор не е како купување на мобилен телефон

Тренерот на Ливерпул, Јурген Клоп се обидува да го оправда одолговлекувањето на преговорите за нов договор на Салах.

Англија

Иднината на Мухамед Салах во Ливерпул е нејасна, често се шпекулира за негово можно заминување, а паралелно се водат преговори за нов договор.

Ливерпул му нуди мега договор на Салах, но тој се уште размислува дали да го потпише или да побара нов предизвик.

„Потпишување на голем договор не е како купување на мобилен телефон каде потпишувате само една работа и готово е“, вели Клоп.

„Не би рекол дека има некаков проблем, искрено, се работи за разговори. Има многу работи кои треба да се разгледаат“.