Џенова му врачи отказ на Шевченко кој успеа да победи само еднаш во девет натпревари од Серија А.
Категорија: Италија 15.01.2022 13:13
Шевченко на 7. ноември беше назначен за нов тренер на Џенова, 11 пати го водеше тимот од кои девет меча беа во Серија А. Победи само еднаш на сите натпревари и трипати одигра нерешено.
Поради слабите резултати Џенова му се заблагодари на Шева и му врачи отказ. Како привремен тренер е назначен Абдулаи Конко кој го водеше тимот до 17 години. Во меѓувреме ќе се бара ново тренерско решение.
Судбината сакаше последниот меч како тренер на Џенова, Шевченко да го има на Сан Сиро против Милан, против клубот каде ја стекна најголемата слава.