24фудбал

Нани се врати во Серија А

Нани на 35-годишна возраст се врати во Серија А, стави потпис на договор со Венеција.

Италија

Португалецот кој се прослави во Манчестер јунајтед, Нани направи трансфер од Спортинг Лисабон во Венеција.

Ова за Нани ќе биде враќање во Серија А бидејќи претходно настапуваше и за Лацио иако таму не се задржа многу.

Венеција се бори за опстанок и во моментов е на 17. место по 20 одиграни натпревари во Серија А.

Нани би требало да може да настапи уште на неделниот меч против Емполи.