24фудбал

Арсенал побара да се одложи дербито, во Тотнем сметаат дека лутиот ривал лаже

Арсенал соопшти дека побарал да биде одложено локалното дерби против Тотнем, „топчиите“ како причина ги наведуваат големиот број на отсуства поради ковид-19, повреди, суспензии и Африканскиот куп на нации.

Англија

Во недела, Тотнем треба да го пречека Арсенал во лутото дерби на Северен Лондон, но натпреварот е под голем знак на прашалник откако „топчиите“ вечерва соопштија дека побарале одложување на мечот.

Арсенал како причина ги наведува големиот број на отсуства поради ковид-19, повреди и Африканскиот куп на нации.

Како што пренесува Скај Спортс, во Тотнем се бесни по ваквиот потег на лутиот ривал, и сметаат дека „топчиите“ не се целосно искрени и во моментов нема жариште на ковид-19.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на Премиерлигата, претходно беше одобрено слично барање на Лестер, „лисиците“ бараа одложување на мечот против Евертон бидејќи едвај можат да состават тим поради големиот број на отсуства поврзани со ковид-19, повреди и Африканскиот куп на нации.