24фудбал

ПСЖ не се откажува, сега му нуди еден поинаков договор на Мбапе

ПСЖ не се откажува од обидите да го убеди Килијан Мбапе да потпише нов договор, овојпат му нудат поинаква понуда.

Франција

Според „Телефут“, ПСЖ сега му нуди краткорочен договор на Мбапе и се надева дека напаѓачот би прифатил една ваква понуда знаејќи дека за некоја година повторно би можел да биде слободен играч.

ПСЖ контактира со претставниците на Мбапе, на кои им ја доставиле понудата, но ставот на фудбалерот останува дециден, нема намера да преговара до крајот на сезоната.

Не е откриено за колку годишен договор станува збор, се претпоставува дека тоа е на една или две години, но не повеќе од тоа.

Сепак за да го добијат одговорот од Мбапе, ПСЖ ќе треба да почека до крајот на сезоната или додека се конкурентни за трофеите. Откако се ќе биде решено, веројатно и Мбапе ќе ја донесе одлуката.


Се шпекулира дека тој е поблиску до Реал Мадрид отколку до останува во ПСЖ, но не може ништо да се исклучи.