24фудбал

Нови тројца фудбалери имаат срцеви проблеми по прележан ковид-19!

Ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг и двајца негови соиграчи од Габон не добија зелено светло за настап против Гана, деталните прегледи покажале дека тројцата имаат срцеви проблеми по прележан ковид-19.

Останато

Попладнево, тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман откри дека левиот бек Алфонсо Дејвис ќе мора да одмара неколку дена откако тестовите покажале дека има благ миокардитис, односно воспаление на срцето по прележан ковид-19.

Вечерва беше соопштено дека е забележан срцев проблем кај уште тројца фудбалери кои неодамна прележале ковид-19.

Се работи за ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг и неговите соиграчи Габон, Аксел Меје и Марио Лемина и тие не добија зелено светло за настап на вечерашниот меч против Гана на Африканскиот куп на нации.

„Според медицинската комисија на КАФ, играчите Пјер Емерик Обамејанг, Аксел Меје и Марио Лемина, кои неодамна прележаа ковид-19, нема да можат да играат. Деталните прегледи покажаа срцеви проблеми и КАФ не сака ништо да ризикува“ - гласеше соопштението.