Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид сака да го ангажира дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо и тоа без да биде платено обесштетување.
Категорија: Шпанија 14.01.2022 19:49
Реал пројавува интерес за услугите на Роналд Араухо, „кралевите“ сакаат да го искористат фактот што перговорите за нов договор на дефанзивецот тапкаат во место и да го примамат да се пресели во Мадрид.
Клубот од Сантијаго Бернабеу се надева дека Роналд Араухо нема да ја продолжи верноста (актулниот договор е со трајност до јуни 2023) и беспари ќе се пресели во нивните редови.
По ваквите шпекулации, Спорт пренесе дека раководството на Барса веднаш реагирало и го повикало агентот на дефанзивецот на нови преговори во следните денови.
Реал Мадрид се обиде да го купи Роналд Араухо и летото во 2018, но тогаш Барселона успеа да стигне до неговиот потпис за 1,7 милиони евра, плус бонуси кои можат да го направат трансферот вреден максимум 5,2 милиони евра.