Во пресрет на утрешното дерби меѓу Манчестер Сити и Челси, Пеп Гвардиола е полн со пофалби за Томас Тухел.
Категорија: Англија 14.01.2022 17:13
Утре се игра големото дерби во Премиерлигата, од 13:30 часот Манчестер Сити го пречекува Челси.
„Тухел е многу креативен. Еден од ретките тренери од кои постојано учам. Одличен е во секоја смисла. Уживам да ги гледам неговите тимови. Тој го прави фудбалскиот свет подобар“, вели Гвардиола.
„Фудбалот подразбира постојан напредок. Постои период кога играте добро и целта е тој да потрае што е можно подолго. Нас не очекува дуел со Европскиот шампион, одличен тим“.
Манчестер Сити е прв на табелата со десет бодови повеќе од Челси.