24фудбал

Шевченко им се заблагодари на фановите на Милан, свесен е дека тоа можеби беше негов последен меч како тренер на Џенова

Иднината на Шевченко е неизвесена, се шпекулира дека тој уште денеска би можел да добие отказ, Украинецот го знае тоа.

Италија

Џенова синоќа одигра добар натпревар на гостувањето кај Милан каде водеше во најголем дел од натпреварот, но росонерите по продолженија победија со 3-1.

Тоа беше и враќање на Шевченко на Сан Сиро. Украинецот имаше топло добредојде од фановите на Милан.

„Секогаш сум среќен кога се враќам на Сан Сиро, пречкот од фановите беше фантастичен, им благодарам на фановите на Милан. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите на Џенова кои дојдоа тука да го поддржат тимот“, вели Шевченко.

„Работам од ден за ден. Имам 45 години и се уште сум млад и собирам искуство. Животот е составен од подеми и падови, победи и порази“.

„Момците денеска одиграа добро, покажавме квалитет кој доаѓа од работата на тренингот“.

„Јас ќе си ја работам мојата работа, а клубот е тој кој треба да носи одлуки“.