24фудбал

Арсенал со играч помалку ја сочува мрежата на Енфилд во дербито со Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул и Арсенал одиграа 0-0 во првиот полуфинален натпревар од Лига Купот на Англија, топчиите 70 минути играа со фудбалер помалку.

Англија

Ливерпул пропушти на домашен терен да создаде предност против Арсенал, црвените имаа играч повеќе на теренот, но не искористија.

Во 24. минута Гранит Џака доби црвен картон и го остави својот тим со фудбалер помалку.

Ливерпул се обидуваше да ја искористи таа предност, но нивните напади беа јалови, Арсенал успеа да се одбрани.

Реваншот се игра во Лондон за седум дена.

Челси е првиот финалист во Лига Купот на Англија.