24фудбал

Атлетик Билбао ќе му биде противникот на Реал Мадрид во финалето од Суперкупот (ВИДЕО)

Со пресврт во финишот од мечот, Атлетик Билбао со 2-1 го победи Атлетико Мадрид и се пласираше во финалето од шпанскиот Суперкуп каде ќе игра против Реал Мадрид.

Шпанија

Денеска во Саудиска Арабија се одигра вториот полуфинален меч од шпанскиот Суперкуп.

Атлетико Мадрид влезе како фаворит против Атлетик Билбао, но тимот на Чоло Симеоне не успеа да обезбеди финале.

Тие поведоа во 62. минута со автогол на Симон, но не го задржаа водството.

Во 77. минута Алварез најпрво изедначи на 1-1, а четири минути подоцна Вилијамс погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1 за Атлетик Билбао.

Финалето меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао се игра во недела со почеток од 18 часот.