24фудбал

Се чини дека овие зборови на Дињ се наменети за Бенитез

Анвар Ел Гази се сели на позајмица во Евертон токму од Астон Вила како дел од договорот помеѓу обете екипи, а постои и можност за целосен откуп на неговиот договор во висина од 8.5 милиони фунти, што се однесува пак до трансферот на Дињ, истиот ја чинеше Астон Вила 23 милиони фунти.

Англија

Астон Вила освен што го ангажираше Филипе Кутињо на позајмица од Барселона, истовремено го ангажираше и Лукас Дињ од Евертон, за кого познато беше дека е во доста лоши односи со тамошниот тренер Рафа Бенитез, па и повеќе од веројатно е дека неговите први зборови по потписот за Астон Вила се наменети токму кон шпанскиот фудбалски стратег, особено во делот каде вели дека понекогаш потребна е само една личност однадвор за да се уништи една преубава љубов.

Мојот сон беше да му помогнам на клубот да се врати онаму каде што припаѓа, пред само една година потпишав нов договор со амбиција да останам во овој клуб уште долго време, да дадам сеод себе за проектот во кој верував, но и поради навивачите, но, на сеима крај, а јас не очекував дека сето тоа ќе заврши на овој начин“ рече Дињ кој и повеќе од очигледно е дека индиректно го наведе Рафа Бенитез како главен виновник за сите случувања околу него во Евертон изминатиов период.

Тоа што се случи изминатиов период, како и сето тоа што беше кажано за мене изминатиот месец ме направија многу тажен, но нема да навлегувам во војна на зборови со никого, клубот не го заслужува тоа, најмалку навивачите, понекогаш потребна е само една личност однадвор за да уништи една преубава љубов“ додаде Французинот кој го наведе Стивен Џерард како главна причина за тоа што потпишал за клубот од Бирмингем.

Во Астон Вила дојдов најмногу поради тренерот, сакам да ги покажам квалитетите со кои располагам за клубот, но секако и за навивачите, посакувам да помогнам да имаат насмевки на нивните лица“ подвлече Дињ.