24фудбал

Камерун прв до нокаут фазата на АФКОН по убедливата победа против Етиопија (ВИДЕО)

Африканскиот куп на Нации го има првиот патник во елиминационата рунда од тоа натпреварување по првиот меч од второто коло во групната фаза.

Останато

Селекцијата на Камерун е првиот патник во нокаут рундата од Африканскиот куп на Нации откако со 4-1 денеска беше подобар од Етиопија во второто коло од групата „А“, а фаворитот тргна со негатива.

Хотеса уште во 4 минута донесе почетно водство за Етиопија, но радоста за таа селекција траеше само четири минути откако Токо Екамби израмни на 1-1.

По паузата, Абубакар со два гола во низа, најпрво во 53, а потоа и две минути подоцна донесе предност од 3-1 за Камерун, кој со вториот гол на Токо Екамби, овој пат во 67 минута ги постави конечните 4-1.