24фудбал

Нема да бидам изигран од фудбалери, тврди првиот човек на Фиорентина

Арсенал се споменува како главен фаворит во трката за потписот на Влаховиќ, 21 годишниот напаѓач кој на 60 настапи за „Виолетовите“ постигна 39 погодоци.

Англија

Напаѓачот Душан Влаховиќ бара нешто повеќе 350 илјади евра неделна плата за да стави потпис на нов договор со Фиорентина, а дека Србинот има високи барања доволно говори и револтот на претседателот на италијанскиот прволигаш, Роко Комисо.

Комисо вели дека клубот активно работи на решавање на статусот на Влаховиќ, односно се прават сериозни анализи за тоа каква одлука да се донесе по тоа прашање.

Колку повеќе живеам тука, со овој луд спорт, толку повеќе ми станува јасно колку истиот е отиден во тотално погрешен правец“ рече Комисо во интервјуто за „Фајнешл Тајмс“ притоа додавајќи дека нема да дозволи да биде изигран од фудбалери.

Тешко дека „Виолетовите“ ќе можат да се договорат и со белградската фудбалска агенција „Интернешнл Спортс Офис“ која наводно бара 15 милиони евра при било каков договор помеѓу обете страни.