24фудбал

Судијата од италијанскиот Суперкуп е навивач на Интер? (ФОТО)

Навивачите на Јувентус го вперија прстот кон Довери за кого сметаат дека го оштетил нивниот омилен клуб за време на италијанскиот Суперкуп.

Италија

Интер во самата завршница дојде до победа од 2-1 против Јувентус во италијанскиот Суперкуп, а победникот за престижниот трофеј се решаваше во последните моменти од пресметката во Милано.

Јувентус се подготвуваше за пенали, Интер со гол во 120. минута стигна до трофеј во Суперкупот! (ВИДЕО)

По мечот, главниот арбитар од италијанскиот Суперкуп, Даниеле Довери за момент се најде во центарот на вниманието откако низ социјалните мрежи се појавија низа контроверзни фотографии од него.

Откриено што му рече Бонучи на секретарот на Интер, фудбалерот на Јуве може да добие суспензија (ВИДЕО)

На истите тој се наоѓа на аеродром со торба со логото на Интер, по што навивачите на Јувентус го вперија прстот кон Довери, особено поради за нив, спорниот пенал со кој Лаутаро Мартинез израмни на 1-1.