24фудбал

Позната е казната за Бонучи за инцидентот со секретарот на Интер (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи помина само со парична казна за инцидентот со секретарот на Интер, Кристијано Моцило.

Италија

По голот на Санчез во 120 минута, Бонучи влезе во жесток дуел со секретарот на Интер, Моцило.

„Не ми слави во лице, што к*р правиш? Ќе те убијам“, му рекол Бонучи на Моцило.

Синоќа не беше казнет за овој испад па дополнително се одлучуваше за евентуална санкција, се шпекулираше дури и за суспензија.

Сепак, Бонучи е казнет со 10.000 евра, но нема да биде суспендиран.