24фудбал

Њукасл за 25 милиони фунти купи напаѓач и ослабна ривал во битката за опстанок

Њукасл го комплетираше трансферот на напаѓачот Крис Вуд кој доаѓа од Барнли, ова за нив е второ јануарско засилување.

Англија

По Киран Трипиер, Њукасл донесе уште еден фудбалер во јануари, станува збор за напачот Крис Вуд.

Тие за овој трансфер на Барнли му платија 25 милиони фунти. Овој клуб им е еден од директните ривали во битката за опстанок, па ангажманот на Вуд има двоен ефект за Њукасл. 

„Сум играл неколку пати на Сент Џејмс Парк и тоа е неверојатно место, па тоа што ќе имам можност да го претставувам овој клуб пред овие неверојатни навивачи и соиграчи е многу посебно“, вели Вуд.

Крис Вуд стави потпис на две ипол годишен договор.