24фудбал

Официјално: По Кутињо, Астон Вила го комплетираше и трансферот на Дињ

Астон Вила има зафатен преоден рок, откако го ангажираа Филипе Кутињо, го купија и Лукас Дињ од Евертон.

Англија

Астон Вила за 25 милиони фунти го купи левиот бек на Евертон, Лукас Дињ.

Интерес за Дињ имаше од повеќе клубови, тој се поврзуваше со Челси, Њукасл и Вест Хем, но на крајот ја одбра Астон Вила.

„Астон Вила со задоволство може да соопшти дека потпиша со Лукас Дињ од Евертон“, стои во соопштението на клубот.

Стивен Џерард е задоволен од ангажманот на Дињ.

„Кога Лукас стана достапен ние скокнавме и ја искористивме можноста да го донесеме во клубот. Да потпишете со фудбалер со неговото педигре и квалитет во јануари, е големо засилување за составот на Астон Вила“, вели Џерард.

За разлика од Кутињо кој во Астон Вила пристигна на позајмица, Дињ потпиша четири ипол годишен договор.