24фудбал

Анчелоти: Не се согласувам со Чави

Карло Анчелоти не се согласува со Чави кој вели дека Барселона била подобра од Реал Мадрид во синиќешното Ел Класико.

Шпанија

По 120 минути игра Реал Мадрид со 3-2 ја победи Барселона во шпанскиот Суперкуп и се пласираше во финалето.

Чави по мечот изјави дека Барселона била подобриот тим на теренот, но така не смета Карло Анчелоти.

„Не се сложувам со него, беше изедначено. Тие имаа посед, но ние го дадовме првиот гол и се повлековме брајќи контри. Ниту ние ги доминиравме, ниту тие не доминираа“, вели Карло Анчелоти.

„Натпреварот беше нервозен, со два добри тима, беше возбудливо, но секогаш страдате на клупата“.

„Почнавме многу добро, користевме контра. Заслуживме да го добиеме првото полувреме, но за жал примивме гол. Второто беше поизедначено“.

„Користиме контра напади бидејќи имаме играчи со такви карактеристики. Напаѓавме многу добро, можевме да се браниме подобро, но Барса одигра одличен натпревар“.