24фудбал

Официјално: Рома потпиша со Сержио Оливеира

Рома соопшти дека го ангажира на позајмица Сержио Оливеира од Порто со опција комплетно да го откупи во јуни.

Италија

Рома на Порто ќе му плати 1 милиони евра за позајмицата на Сержио Оливеира, а во договорот има опција тој комплетно да биде откупен за 13 милиони евра.

„Клубот со задоволство може да соопшти дека потпиша со португалскиот репрезентативец Сержио Оливеира. Тој доаѓа на позајмица од Порто до 30 јуни. Како дел од договорот вклучена е опција трансферот да стане перманентен“, се вели во соопштението на Рома.

Оливеира е среќен што ќе биде дел од Рома.

„Неверојатно е да бидете тука во овој голем клуб. Рома отсекогаш покажувала вистински интерес за мене и сакам да му помогнам на тимот да ги оствари сите цели и да продолжи да развива вистински менталитет. Не можам да дочекам да почнам со работа“, вели Оливеира.