24фудбал

„Ла Република“ излезе со две сценарија за мечот со Македонија, проблем се невакцинираните, но и оние со „Спутник“?

Од Италија лиферуваат за две можни сценарија во однос на мечот со Македонија, кој е предвиден да се одигра на 24 март.

Македонија

Поради строгите и ригорозни прописи во однос на заштитата од коронавирусот во Италија, постојат две сценарија кои се можни да се случат, а се однесуваат на бараж пресметката помеѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар.

Италијанските здравствени власти не ја признаваат руската вакцина „Спутник“, впрочем тоа е генерално за Европската Унија, а „Ла Република“ наведува дека дел од македонските репрезентативци се вакцинирани токму со таа вакцина, но другиот проблем е тоа што дел воопшто не се вакцинирани.

Со тоа постојат две можни сценарија за кои известува италијанскиот весник, првото сценарио е мечот да се одигра на неутрален терен, а не во Палермо како што е предвидено, а второто сценарио е оние фудбалери кои не ги исполнуваат тамошните здравствени критериуми да немаат право на настап.


Фото-вест: ffm.mk (архива)