24фудбал

Африканскиот куп е дива лига: Имаше девет замени, два пенала, ВАР, црвен картон, а судијата свирна крај во 89. минута! (ВИДЕО)

На Африканскиот куп денеска се случи нешто што не сме виделе во сериозна лига, судијата најпрво свирна крај во 85. минута, па по реакција од играчите продолжи до 89., а требаше да се играат најмалку 5 минути судиско продолжение.

Останато

Шоуто се случуваше на мечот меѓу Тунис и Мали кој заврши 0-1.

Во текот на второто полувреме беа досудени два пенала. Мали даде гол преку Коне, а Казри не реализираше за Тунир.

Се гледаше ВАР, беше доделен и црвен картон, беа направени дури девет замени, а судијата не само што не продолжи ниту една минута, туку и предвреме отсвире крај.

Најпрво свирна крај во 85. минута, па по интервенција на актерите на теренот го продолжи мечот, но во 89. повторно свирна крај и предизвика нови реакции, овојпат не продолжи.