24фудбал

Торонто го направи Инсиње најплатен во историјата на МЛС а за него донзнале на интернет!

Претседателот на Торонто, Бил Менинг откри дека го ангажирале Лоренцо Инсиње со помош на интернетот и пребарување на познатата веб страна Трансфермаркт.

Италија

Минатата недела беше официјализирана соработката помеѓу Торонто и Лоренцо Инсиње, напаѓачот по крајот на сезоната ќе го напушти Наполи за авантура во Северна Америка.

Италијанецот ќе стане најплатен фудбалер во историјата на МЛС, се говори за годишна плата од 11,5 милиони евра, плус додатни 4,5 милиони евра во бонуси.

Претседателот на Торонто сега открива дека го ангажирале Лоренцо Инсиње со помош на интернетот и пребарување на познатата веб страна Трансфермаркт.

„Минатото лето, ја посетив веб страната Трансфермаркт, ги пребарав италијанските репрезентативци кои го освоија Европското првенство и видов кои од нив ги одработуваат последните месеци. Лоренцо беше еден од малкумината на кои им истекуваше договорот“ – раскажува Бил Менинг.

„Почнав да ги бележам играчите за кои сметав дека се светска класа и се највредни на пазарот. На бордот му го презентирав сето ова и Лоренцо се најде на врвот на листата“.