24фудбал

Египет и Салах тргнаа со пораз, Ихеначо донесе триумф за Нигерија (ВИДЕО)

Натпреварувањето во Африка тргна со скромни девет гола на досега одиграни осум натпревари, а сигурно за одбележување е големиот кикс денеска на Алжир кој во своите редови го имаше Марез.

Останато

Нигерија дојде до минимален триумф против Египет во првото коло од групата „Д“ од Африканскиот куп на нации, со тоа што победникот на овој меч беше решен уште во првите 45 минути игра.

Ихеначо во 30 минута го постигна единствениот гол на оваа пресметка за триумф на Нигерија, која постојано притискаше кон голот на противникот.

Алжир и Сиера Леоне одиграа без погодоци во првата пресметка денеска, а со почеток од 20 часот се среќаваат Судан и Гвинеја Бусау, кои воедно се дел од групата каде се сместени Египет и Нигерија.