24фудбал

Барди во тимот на колото во Шпанија (ФОТО)

Леванте го чека грчевита битка за опстанок во елитната Примера, тимот од Валенсија е закован на дното од табелата по 20 одиграни кола.

Македонија

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се најде во тимот на колото на шпанската „Примера“ во изборот на специјализираниот фудбалски портал „ХуСкорд“, а сево ова по победата на Леванте на свој терен против Мајорка со 2-0.

Нашиот интернационалец запиша асистенција во првиот гол на Солдадо, а играше до 85. минута кога беше повлечен од игра, со тоа што имаше одлични перформанси на теренот.

26 годишниот Барди актуелнава сезона запиша три погодоци и две асистенции во досегашните 14 настапи.