24фудбал

Мохамед Салах вели дека тоа што бара половина милион фунти неделно не е лудост

Мохамед Салах уште еднаш порача дека неговата иднина е во рацете на Ливерпул и смета дека нема луди барања за продолжување на соработката со „црвените“.

Англија

Ливерпул и Мохамед Салах подолго време се во преговори за нов договор, но двете страни никако да најдат заеднички јазик, се говори дека проблем е барањето на Мохамед Салах за неделна плата од 500.000 фунти, со која ќе стане најплатениот фудбалер во Премиерлигата.

Египјанецот не сакаше да ги демантира, ниту пак да ги потврди ваквите написи, и само вели дека неговите барања не се луди.

„Сакам да останам, но не зависи од мене, зависи од Ливерпул. Тие знаат што барам, и моите барања не се луди или претерани“ – вели Мохамед Салах.

„Пет години сум во Ливерпул, го познавам клубот многу добро. Ги обожавам навивачите, навивачите ме обожаваат мене, но сега се е во рацете на раководството, знаат што треба да направат“.