24фудбал

Барселона носи печалбар од Кина како замена за Кутињо?!

Медиумите од Бразил ја поврзуваат Барселона со ангажман на Оскар, фудбалерот на Шангај треба да биде замена за Филипе Кутињо.

Шпанија

Добро упатениот новинар Марсело Бешлер, кој прв пренесе за преселбата на Нејмар во ПСЖ, открива дека Барселона би можела да го ангажира Оскар.

Бразилецот во 2017 беше привлечен од милионите кои тогаш ги нудеше кинескиот фудбал, па реши да го напушти Челси и да се пресели во Шангај.

Оскар очигледно се наполни со пари (едно време беше помеѓу петте најплатени фудбалери во светот), па сега е подготвен за помала плата да го облече дресот на Барселона.

Останува да се види дали ќе се случи ваков трансфер, во моментов приоритет на Барселона е ангажман на нов напаѓач.