24фудбал

Трагедија во Турција, во страшна сообраќајна несреќа почина дефанзивец на Коњаспор (ФОТО)

Тажни вести од Труција, 27 годишниот дефанзивец на Коњаспор, Ахмет Чалик утрово го загубил животот во страшна сообраќајна несреќа.

Останато

Фудбалската јавност во Турција тагува, утрово животот го загуби 27 годишниот Ахмет Чалик, кој ги бранеше боите на Коњаспор.

Станува збор за страшна сообраќајна несреќа, како што пренесуваат медиумите, дефанзивецот загубил контрола, автомбилот излетал од патот и се превртел неколку пати. И покрај напорите на лекарите да го спасат, најлошите вести биле потврдени околу 9 часот.

Ахмет Чалик е продукт на школата на Генчлербирлиги, во 2017 направи трансфер го Галатасарај, а откако не се снајде во великанот, се пресели во Коњаспор, каде се промовираше во еден од подобрите дефанзивци во првенството на Турција.

Во дресот на репрезентацијата има одигрно осум натпревари, последен пат добил повик за Турција во 2018 година, а има настапувано и за сите помлади селекции на својата земја.