24фудбал

Болно девојче доби навреди на социјалните мрежи, Мбапе разочаран: Го допревме дното (ВИДЕО)

Осум годишно девојче кое боледува од ретка болест, доби навреди на социјалните мрежи откако го замоли Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, фудбалерот на „светците“ веднаш реагираше и изрази разочарување од однесувањето на луѓето.

Франција

Во саботата, малата Камил на социјалните мрежи испрати порака до својот херој, Килијан Мбапе.

„Во Париз и Франција, има милиони навивачи, кои исто како мене, навистина те обожаваат. Те замолувам да останаш во ПСЖ за ние да продолжиме да сонуваме. Килијан, ти посакувам успешна година со ПСЖ и Франција“ – гласеше пораката на осум годишното девојче кое боледува од ретка болест.

Нејзината порака предизвика многу реакции, Камил добила навреди, па Килијан Мбапе реагираше веднаш.

„И јас ти посакувам среќна нова година моја мала Камил. Продолжи да се бориш, не учиш на една добра животна лекција“ – гласеше пораката на напаѓачот.

„Колку само се навредливи коментарите кон едно детенце... навистина го допревме дното“.