Категорија: Италија 10.01.2022 20:00
Италијанскиот прволигаш Милан прави напори да го договори дефанзивецот на Манчестер Сити, Натан Аке на позајмица до крајот на актуелната сезона, откако остана без Симон Кјаер кој поради повреда ќе отуствува до лето.
„Сан“ наведува дека клубот од Милано го идентификувал Аке како потенцијално засилување, меѓутоа останува отворено прашањето колку Манчестер Сити ќе биде расположен да даде зелено светло на оваа операција на „Росонерите“ за 26 годишниот Холанѓанец.
Аке стартуваше на последните три меча за Манчестер Сити, а сезонава запиша вкупно 14 настапи за „Граѓаните“ во сите конкуренции.