24фудбал

Официјално: Васоски е нов тренер на Сараево

Како што беше и претходно најавено, македонскиот стратег Александар Васоски стана нов тренер на ФК Сараево

Македонија

Босанскиот клуб денеска го потврди Васоски за нов тренер. Тој вели дека му е чест што бил препознаен од клуб каков што е Сараево.

„Задоволство и чест ми е што ме препознаа од голем клуб каков што е Сараево. За мене ова е задоволство но и голема обврска. Првата цел оваа сезони ни е да обезбедиме излез во Европа и да го освоиме купот, а на долгорочен план да промовираме млади играчи во првиот тим, а зошто не и во репрезентацијата на БиХ“, вели Васоски.

Сараево во моментов е на четвртото место во босанската лига, со дури 20 бодови зад лидерот Зрињски.

Сезоната во БиХ продолжува на 26. февруари.