24фудбал

Пике беше обвинет дека е најплатен во Барса, па покажа колкава плата добил на 30. декември (ФОТО)

Жерард Пике беше обвинет дека е најплатениот фудбалер во редовите на Барселона, па дефанзивецот веднаш реагираше и откри дека на 30. декември добил нешто над 2,3 милиони евра, што е 50% од неговата основна плата.

Шпанија

Новинарот Луис Канут во четвртокот ги објави платите на фудбалерите на Барселона, и откри дека Жерард Пике е на врвот со бруто плата од околу 28 милиони евра годишно, а зад него се Серхио Бускет со 23 милиони евра и Жорди Алба со 20 милиони.

Тројцата капитени минатото лето прифатија намалување на примањата со цел да помогнат Барса да ги преброди овие тешки времиња и да се отвори простор за регистрирање на засилувања.

Жерард Пике веста ја протолкува како личен напад, па на социјалните мрежи објави прилив од банка за кои вели дека е 50% од неговата основна плата.

„Личности како овие напѓаат во јавноста за да ги бранат своите пријатели. Еве 50% од мојата основна плата исплатена на 30. декември. Имајте барем малку поит кон себе“ – напиша Жерард Пике на социјалните мрежи.

За шест месеци, Жерард Пике добил нешто над 2,3 милиони евра, што би значело дека неговата годишна плата е нешто над 4,6 милиони евра.