24фудбал

Откриено колку Астон Вила треба да плати за да го купи Кутињо

Филипе Кутињо се сели во Астон Вила на позајмица до крајот на сезоната, според пишувањата на медиумите, неговиот престој во Бирмингем ќе може да стане перманентен за 40 милиони евра.

Шпанија

Филипе Кутињо се враќа во Премиерлигата, Астон Вила и Барселона утрово соопштија дека договориле позајмица до крајот на сезоната.

Барселона ќе покрива дел од платата, а Асон Вила исто така ќе добие опција во целост да го купи Бразилецот.

Детали за опцијата не беа откриени, а неколку извори сега пренесуваат дека се работи за сума од 40 милиони евра.

Барселона за Филипе Кутињо плати рекордни 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси, но прашање е колку ќе може да врати од неговата продажба. Уште сега се пишува дека ќе биде многу тешко Астон Вила да ја активира опцијата и многу работи ќе зависат од партиите кои ќе ги прикаже плејмејкерот.