24фудбал

Фудбалери на Јунајтед го кренале гласот против Рангник, дури 11 сакаат да си одат

Според „Мирор“, новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник има проблеми да ја контролира соблекувалната, голем дел од фудбалерите се незадоволни од неговиот начин на водење на тимот.

Англија

Се чини дека за брзо време на Ралф Рангник ќе му стане јасно дека не е исто да се водат мали клубови и европски гиганти. Германецот досега не се соочил со соблекувална во која има многу ѕвезди.

Игрите на Манчестер јунајтед под водство на Рангник не се добри, а во минатото коло не само што загубија од Вулвс на Олд Трафорд, туку беа и надиграни.

„Мирор“ пишува дека Рангник има проблеми да ја контролира соблекувалната.

Извор близок до тимот на англискиот медиум му соопштил дека дури 11 фудбалери сакале да го напуштат Манчестер јунајтед поради Рангник.

Повеќето од играчите не се среќни со неговата работа и не се импресионирани од неговата тактика.

Рангник потпиша договор според кој ќе го води тимот до крајот на сезоната, а потоа ќе има улога на советник. Но почетокот е тежок за Германецот, па полека се јавуваат сомнежи за неговата работа.