24фудбал

Њукасл го договори првото засилување и веднаш го направи најплатен фудбалер

Киран Трипиер ќе биде првото засилување за Њукасл во јануари, десниот бек ќе стане најплатен фудбалер на „Сент Џејмс Парк“ со неделни примања од преку 100.000 фунти.

Англија

Откако Њукасл премина во рацете на конзорциум предводен од Саудиска Арабија и стана најбогатиот клуб во светот, медиумите почнаа да ги поврзуваа со еден куп фудбалери.

Прво засилување во новата ера ќе биде Киран Трипиер, десниот бек пристигнува од Атлетико Мадрид во трансфер вреден околу 12 милиони фунти плус бонуси. По долги преговри, двете страни конено си подале рака и Англичанецот утре треба да пристигне во Њукасл на лекарски прегледи.

Медиумите пишуваат дека Киран Трипер ќе стане најплатениот фудбалер на „Сент Џејмс Парк“ со неделни примања од преку 100.000 фунти.

Тој исто така ќе добие клаузула според која договорот ќе му биде раскинат доколку Њукасл не обезбеди опстанок и се пресели во втора лига.