24фудбал

Ериксен ги откри плановите за иднината

Кристијан Ериксен вели дека се е во ред со неговто срце па планира да се врати на терените и сонува за настап на Светското првенство во Катар.

Останато

Кристијан Ериксен е надвор од стројот повеќе од половина година, но Данецот не размислува за пензија и планира да се врати на терените.

„Знам што сакам, сакам да играм фудбал. Ми беа направени сите можни тестови и се е во ред со срцето, докторите не забележаа никакви проблеми и ова го разбирам како зелено светло за враќање на терените“ – вели Данецот.

„Мојата цел е да настапам на Светското првенство во Катар. Се надевам дека ќе бидам дел од мундијалот. Секако желбата е едно, а сосема друго е да добијам повик од селекторот“.

„Националниот тим ми беше многу важен во целата оваа ситуација. Сакам да играм за репрезентацијата на Светско првенство. Сонувам да се вратам во дресот на Данска, да играм повторно на „Паркен“ и да покажам дека таа епизода е минато, нешто што се случува само еднаш и нема да се повтори“.